Погледнете колкава ќе биде платата на Перо Антиќ во Црвена Ѕвезда

Перо Антиќ ќе биде втор најплатен играч со примања од 400.000 евра годишно

Google search engine

По десет години, Перо Антиќ одново ќе го носи дресот на Црвена Звезда.

Медиумите од Србија сега пренесуваат дека тој ќе биде вториот најплатен играч во Белград.

За новата сезона, Црвена Звезда ќе има буџет од околу 3 милиони евра, а прв на списокот со плати е Тејлор Рочести, кој има примања од 500.000 евра.

Зад него е Перо Антиќ со годишна плата од 400.000 евра, а потоа следи Џејмс Фелдин со 350.000 евра.

Само за потсетување, Перо Антиќ во Фенербахче имаше плата од околу 1,3 милиони евра.