Во престрелка во Футог, Војводина, синоќа загинаа двајца млади, а со ефикасна и брза акција на полицијата, а под сомнение дека учествувале во двојното убиство, уапсен е Н.Л. (23), Д.Д. (24), О.Р. (21) и Б.Г. (26).

Како што се дознава, станува збор за конфликт меѓу членови на навивачки групи.
Во престрелката загинаа Н.Ш. (19) кој починал на лице место, додека М.М.(20) кој бил тешко ранет подоцна починал во болница. Еден од приведените се сомничи дека е директен извршител на убиството. Сите тие, како што дознаваме, од претходно и биле познати на полицијата.
Осомничените биле приведени само во долна облека, а биле уапсени додека спиеле во своите куќи.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, а полицијата продолжува да работи на утврдување на сите околности на настанот.
Да потсетиме, во престрелката што се случи синоќа околу полноќ пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог, убиен е младиот човек Н.Ш. (19), а сега почина уште еден млад човек М.М. (20) кој бил ранет.
Првиот итен повик дошол 17 минути по полноќ, а следел уште еден, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште едно младо момче без свест.