Погледнете како изгледа производството на оралната вакцина против коронавирус: Има вкус на јагода и се прима во две дози

На Институтот за експериментална медицина во Русија е направена орална вакцина против коронавирус која содржи специфична ДНК додадена на бактерии кои се наоѓаат и во млечните производи.

„Бидејќи овој лек се зема орално, тој едноставно се пие, а тогаш се јавува производство на секреторен имуноглобулин А на слузокожата на усната шуплина, со што производството на овие антитела ја штити влезната „капија“ против вирусните инфекции, што е многу важно. Со тоа, ние на почетокот го блокираме вирусот и не му дозволуваме да навлезе преку дишните патишта“, изјавила Ирина Королева од Одделот за молекуларна микробиологија.

Google search engine

Александар Суворов, раководител на Одделот за молекуларна микробиологија при Институтот за експериментална медицина вели дека вакцината може да има било каков вкус:

„Претпоставуваме дека ако личноста 3 пати земе 200-250 милилитри и ја повтори постапката за 21 ден, тоа е сосема доволно за вакцинација. Кога станува збор за вкусот, можете да додадете било каков вкус во ферментираните млечни производи, дури и вкус на јагода“.

Суворов додал дека научниците моментално развиваат два прототипа на вакцина која може да се јаде – на база на млеко и на база на протеини од соја.

 

ПретходнаПрвите дози на „спутник В“ од Торлак се очекуваат за 15 до 20 дена – Кој ќе може да ја добие?
СледнаСин со причина и отворил на мајка си профил на страница за возрасни