За само шест милиони евра би можеле да живеете како холивудската глумица Сандра Булок. Имено, таа ја ставила на продажба својата прекрасна куќа со приватна плажа и тоа за 5,7 милиони евра заедно со целиот мебел.
Сместена е на плажа која има речиси три хектари. Главната куќа има четири спални соби и дневна соба со камин, кујна и пространа трпезарија.

Новите сосптвеници во својот дом ќе имаат и домашна теретана која исто така има пространа соба за рекреација со маса за пинг-понг.
Исто така, идните купувачи може да уживаат во вечера на отворено или да се одмараат и читаат книги на лулашката. Тремот надвор од дневната соба и трпезаријата гледа кон базенот и големиот зелен двор. Исто така има приватен и безбеден пристап на плажата.

Покрај главната куќа се наоѓа и пансион со три спални соби кој има дневна соба од отворен тип, трпезарија и кујна со камин.
Сандра оваа куќа ја купила во 2001 година за 1,49 милиони долари.




