Погледнете и споделете: За колку поскапеа овие производи во маркетите само за 10 дена!

Почитувани читатели на Ценометар.мк при проверката на новите цени од страна на сервисот Ценометар.мк забележавме драстичен скок на цените кај следните производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.

Зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:

Google search engine
  1. Банана – поскапена за 8-10 денари!
  2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!
  3. Јаболка – поскапени за 8 денари!
  4. Домат – поскапен за 14 денаари!
  5. Зелка – поскапена за 4 денари!
  6. Компир – поскапен за 6 денари!
  7. Брашно – поскапено за 4 денари!
  8. Грав – поскапен за 17 денари!
  9. Путер – поскапен за 5 денари!
  10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!
  11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!
  12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!

Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот тренд е јасен.

Дали е доволна мерката за замрзнување само на основните производи, или Владата треба генерално да ги замрзне цените на сите производи? Дали луѓето не треба да јадат овошје и зеленчук кој немилосрдно поскапува?

Со ваков раст на цените, народот нема да може да купува воопшто овошје и зеленчук и неговата прехрана ќе се сведе на леб, ориз и масло, за жал.

Извор: Ценометар.мк 

ПретходнаКанцерогена храна која секојдневно ја јадеме
СледнаНБ: Не се очекуваат директни, но можни се индиректни последици од случувањата во Украина