Погледнете го моментот на нападот на колоната на Бајден во Брисел

Полицијата веднаш го совладала и привела мажот кој фрлил шише во насока на колоната.

Непознатиот маж утрово ја нападнал колоната на претседателот на САД, Џо Бајден во Брисел. Инцидентот, кој го забележале камерите, се случил во околу 9:40 часот.

Реклама

Полицијата веднаш го совладала и привела мажот кој фрлил шише во насока на колоната. Како што се наведува, напаѓачот бил во алкохолизирана состојба.

„Мажот кој беше во алкохолизирана состојба го фрли шишето кон колоната на претседателот на САД, Џозеф Бајден. Успеавме да го сопреме шишето пред ударот“, навел портпаролот на полицијата.

Потсетуваме, поради посетата на Бајден жителите на Брисел биле предупредени дека ќе се применуваат вонредни безбедносни мерки, построги од оние кои се вообичаени за самите лидери на ЕУ или други светски службеници, вклучувајќи ги и највисоките државници на Кина и Русија.

Бајден во средата навечер пристигнал во Брисел, а денеска присуствува на самитот на НАТО, Г7 и лидерите на ЕУ.

Во Брисел ќе остане до петок наутро, кога е најавено заминување на американскиот претседател во Полска.

Реклама