Никола Мињовиќ, сопственикот на фризерскиот салон на Врачар, кој синоќа беше уништен од рачна бомба, потврди дека напаѓач што не го знаел дошол од правец на црквата Свети Сава, со чекан го скршил стаклото и вметнал експлозивна направа во продавницата.
Мињовиќ потврди дека неговиот салон е целосно уништен, прозорците искршени, стакла насекаде и дека не знае кој може да го направи ова и зошто, бидејќи нема непријатели и е мирен семеен човек со две деца кој живее од тој бизнис.
Тој за српски Курир изјави и дека има видео од безбедносната камера од зградата, како и снимка од точниот момент на експлозијата, но на тоа видео не се гледа лицето на напаѓачот.
Видеото погледнете го ОВДЕ