Погледнете до каде стигнаа Русите: Нова карта на напади врз Украина (фото, видео)

Американскиот институт за проучување на војната објави нова карта на Украина, односно областите кои досега биле окупирани од Русите.  Руските сили продолжија со офанзивните операции против западните предградија на Киев, по прекинот на снабдувањето од 27 февруари до 1 март, но не успеаја да обезбедат дополнителна територија, велат тие.

Google search engine

Русите, исто така, започнаа офанзивни операции во регионот Житомир, проширувајќи ја својата област околу Киев на запад отколку што претходно проценуваше Институтот.  Тие го нападнаа Харков и продолжија енергично да го бомбардираат градот, оставајќи зад себе бројни цивилни жртви.

Мариупол е целосно опколен и нивната цел е да ја уништат цивилната инфраструктура и станбените области за да го окупираат градот.  Русите го зазедоа и градот Керсон во јужна Украина.