Кина моментално ја има една од најопсежните и најимпресивни железнички мрежи со големи брзини на Земјата, и не покажува знаци на забавување.
Додека нивната мрежа допира до оддалечените краеви на земјата, Пекинг би можел да ги впери своите очи во една подалечна цел.
Според извештаите, Кина сака да изгради брз воз со траса од 13.000 километри (8.078 милји) кој ќе патува од континентална Кина, преку Сибир во источна Русија, под морето низ Беринговиот мореуз до Алјаска, преку карпестите врвови на канадскиот Јукон и Британска Колумбија, до САД. Кога ќе биде изграден, меѓународниот супербрз воз би можел да биде проширен до секој дел од Америка.
Колку чини еден волку чуден предлог? Цели 200 милијарди долари.
Плановите се појавија во 2014 година кога повеќе новински куќи го пренесоа извештајот на „Beijing Times“ кој изнесе планови за изградба на супервоз од 8.000 милји. Линијата би се нарекувала „Кина-Русија-Канада-Америка“ и би се протегала преку сите 4 нации, поврзувајќи ги заедно со трговски, туристички и економски расцут. Протегајќи се преку Беринговиот мореуз, би бил потребен и подводен тунел кој би бил 4 пати поголем од тунелот под Ламанш, и би поседувал далеку помоќна технологија за движење.
Во тоа време, инженери од Кина тврдеа дека се веќе во преговори со Русија за отпочнување на трасата, за што беа многу уверени дека е изводливо со моменталната технологија.
Кина во 2018 година го одобри првиот светски подводен воз кој би се протегал национално од Нингбо, пристаништен град во близина на Шангај, до Џоушан, архипелаг острови на источниот брег. Покривајќи дел од 77 километри (47,8 милји) од речиси целосно новоизградената железничка пруга, новата рута ќе вклучува подводна делница од 16,2 километри. Тоа ќе биде Маглев воз кој лебди над магнетна пруга додека се движи со голема брзина, а изградбата е во тек за амбициозниот проект.
Иако овој тунел е значително помал од тунелот под Ламанш, додавањето на „куршум“ воз кој проаѓа низ него носи нови предизвици во конструкцијата. Иако малку се знае за напредокот на линијата Кина-Русија-Канада-Америка, некои претпоставуваат дека линијата Нингбо-Џоушан би можела да биде некој вид тест за далеку поголемиот проект.
Како стојат нештата во САД? Американската влада во 2020 година одобри огромна железничка линија од 2.570 километри (1.597 милји) која ги поврзува САД и Канада, од Алјаска до Алберта. Линијата која чини 22 милијарди долари беше голем скок за американската железничка мрежа која досега заостануваше зад другите нации. Со кинеската мрежа на брзи возови која брзо и се шири, познатата јапонска мрежа и другите нации кои напредуваат во своите обиди, САД сега се на чело кога станува збор за железничките иновации.
За жал, колку и импресивно да звучи линијата Кина-Русија-Канада-Америка, се чини дека таа засега е ставена на чекање. Експертите го критикуваат предлогот како економски излишен, наведувајќи дека авионите и товарните бродови се поевтина опција за трговија. Без оглед дали се вистински или не, тензиите помеѓу светските суперсили значат дека таквата соработка – која би вродила со најскапиот мегапроект во светската историја – би можела да биде само сон.