31-годишна жена од Австралија е обвинета дека го запалила хотелот во кој таа и нејзините две деца биле сместени во карантин.
Пожарот целосно уништи дел од хотелот во Квинсленд, а повеќе од 160 луѓе итно беа евакуирани од хотелот.
Таа утринава наводно запалила оган под нејзиниот кревет во својата соба, а со неа биле и нејзините деца. За среќа нема повредени.
Ситуацијата дојде откако Австралија потврди два случаи со новата варијанта на Ковид-19, поради што беа воведени нови ограничувања.
Австралијците поминаа 20 месеци живеејќи под најстрогите мерки во обид на властите да го спречат ширењето на вирусот.
Зголемувањето на бројот на вакцинирани овозможи да се олеснат одредени ограничувања, но правилото за задолжителен карантин 14 дена по пристигнувањето од странство остана на сила.