„Подалеку од WhatsApp, тоа е алатка за надзор веќе 13 години“: Основачот на Telegram – Павел Дуров, ги предупреди корисниците

За да се заштитите од хакирање, основачот на Telegram ги советувал корисниците на својот канал да „користат било која апликација за разменување пораки, освен „WhatsApp“.

Павел Дуров се осврнал на безбедносните пропусти кои „WhatsApp“ ги откри минатата седмица и кои на хакерите им овозможуваат да добијат многу информации.

Google search engine

Дуров исто така изјавил дека таа апликација веќе 13 години е шпионска алатка, како и дека секоја година пројавува некоја сериозна ранливост која ги загрозува корисниците.

„Не се обидувам да ги натерам луѓето да преминат на Telegram. Со 700 милиони активни корисници и 2 милиони дневни регистрации, на Telegram не му се потребни дополнителни промоции. Можете да ја користите било која друга апликација за размена на пораки која ви се допаѓа, но бидете подалеку од Whats App – тоа е алатка за надзор веќе 13 години“, напишал Дуров.

Дуров тврдел дека безбедносните пропусти „се подметнати од задна врата“ кои им дозволуваат на Владите, органите за спроведување закони и хакерите да ја заобиколат енкрипцијата и другите безбедносни мерки.

Дуров претходно тврдел дека WhatsApp никогаш нема да биде безбедна апликација доколку не се изврши значајна модификација на функционирањето.

Изјавил дека хакерите би можеле да добијат полн пристап на сите телефони на корисниците на апликацијата поради безбедносен проблем којшто платформата го открила претходната седмица. Сè што треба еден хакер да направи за да добие пристап до сите податоци на телефонот е да испрати злонамерно видео или да започне видеоповик.

Дуров додал дека доколку некој мисли дека ажурирањето на апликацијата на нивната верзија ќе ги направи нивните податоци побезбедни, тоа всушност не е така.

Тој додал дека сличен проблем бил откриен во 2017 и 2018 година, а потоа и во 2019 и 2020 година. Пред 2016 година WhatsApp немал end-to-end енкрипција, истакнал Дуров.

Основачот на Telegram изјавил дека не е важно дали некој е најбогата личност на Земјата доколку има WhatsApp на својот телефон, сите нивни податоци на уредот ќе бидат бесплатни.

„Затоа го избришав WhatsApp од своите уреди пред многу години. Доколку го инсталирате, ја отворате вратата за влез во вашиот телефон“, изјавил Дуров.

Според последните податоци WhatsApp брои околу две милијарди активни корисници. Тоа е најчесто користената апликација за размена на пораки во светот.

Апликацијата во сопственост на компанијата „Meta“ сè уште не се огласила по повод ова тврдење на Дуров.