ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ: Украинската делегација пристигна во Гомел (ВИДЕО)

Делегацијата што Украина ја испрати на преговори со Русите пристигна со хеликоптер на местото на преговорите, пренесува РИА Новости.

Преговорите ќе се водат на границата меѓу Белорусија и Украина, во Гомел, а белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Белорусија се е подготвено таа земја да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.

Google search engine

Украинската делегација ги вклучува: министерот за одбрана Алексеј Резников, фракцијата „Слуги на народот“ Давид Арахамија, заменик министерот за надворешни работи Микола Точицки, советникот на шефот на канцеларијата на претседателот Михаил Подолијак, заменикот на Врховната Рада Рустем Умеров и Андреј Костин, прв заменик-шеф на украинската делегација во трилатералната контакт група.

Се очекува преговорите да започнат во секој момент.

Не е соопштено точно каде ќе се водат преговорите, но местото има кодно име.

Украинската страна претходно најави дека ќе побара итен прекин на огнот и руските сили да ја напуштат територијата на Украина.

 

ПретходнаНБ: Не се очекуваат директни, но можни се индиректни последици од случувањата во Украина
СледнаГоривата поскапуваат: Бензинот ќе се продава за рекордни 86 денари за литар