Почнува референдум за присоединување на 15% од територијата на Украина! Среде војна ќе се гласа од врата до врата

Денеска почнуваат таканаречените референдуми за анексија во четири региони во источна и јужна Украина, додека војната е во полн замав, а дел од овие територии и натаму е под контрола на украинските сили.

Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје претставуваат 15% од Украина и имаат големина на Унгарија. Владимир Путин ја призна независноста на народните републики Луганск и Доњецк пред почетокот на војната и кажа дека ги поддржува референдумите и дека луѓето кои живеат на овие подрачја треба сами да решат за својата судбина.

Google search engine

Сепаратистичките лидери кажаа дека анексијата ќе се однесува на целите региони, а не само на мометално окупираните територии.

Западните земји ги осудија референдумите и кажаа дека никогаш нема да ги прифатат резултатите. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека ова е опасна ескалација и порача дека никој не може да им го одземе правото на Украинците да ја бранат својата земја.

„Гласањето е измама и недемократско“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Гласањето треба да трае пет дена. Руските медиуми објавија дека изборните службеници ќе одат од врата до врата со преносни гласачки кутии од денеска до понеделник, а гласачките места ќе бидат отворени само на последниот ден, 27 септември, што властите го оправдуваат со безбедносни причини. Тој ден ќе бидат отворени стотици гласачки места, а граѓаните ќе можат да гласаат и надвор од регионот во кој што живеат, па така и во Русија.

Ако Русија ги присвои овие делови од Украина, тоа може да доведе до натамошна ескалација на војната, бидејќи ќе може да тврди дека нејзина територија се напаѓа со западни оружја.

ПретходнаКРВАВИ РАЦЕ! Жути за Звицер организирал најмалку 11 ликвидации на “Шкањари”! ГЛАВЕН ИЗВРШИТЕЛ НА КАВЧКИ КЛАН!
СледнаТриумф на десницата во Италија, Џорџа Мелони на пат да стане првата жена премиер во земјата