Францускиот моден дизајнер Пјер Карден починал во болница во Нејли, западно од Париз, изјави неговото семејство.
Познатиот француски моден дизајнер почина на 98-годишна возраст.
Карден изјави пред една година дека, и покрај тоа што се чувствува млад, сепак е најстариот моден креатор на светот, признавајќи за првпат дека припрема луѓе кои ќе го наследат и дека смета на тројца кои ќе продолжат да чекорат по неговите стапки.

„Како што гледате, тука сум“, шеговито изјавил Карден во интервју за „France Press“ во текот на кое евоцирал спомени, но и зборувал за кризата на „жолтите елеци“.
Пјер додал и дека е уморен и дека повеќе не оди секој ден во своето ателје кое се наоѓа спроти Елисејската палата во Париз, но додал и дека ќе продолжи да црта.
Модата му беше животна филозофија на која ѝ беше страсно посветен, а остави во аманет и авандардни модели кои тогаш ја претставуваа и иднината и сегашноста, пренесува „Elle“. Помеѓу неговите најчести инспирации беа Јапонија и Кина во 60-те и 70-те на минатиот век, НАСА и нејзината вселенска програма како и имагинарниот свет на футуризмот.