Победникот на Евровизија целосно гол им ги честиташе новогодишните празници на фановите

Дамијано Дејвид, фронтменот на групата Манескин, кој годинава победи на Евровизија, е познат по своите многу ексцентрични објави на социјалните мрежи.

Пејачот се погрижил неговата божиќна честитка да се разликува од останатите, па решил потполно гол да го честита Божиќ. Тој позирал со мачка, а интимните делови од телото ги покрил со налепница.

Google search engine

„Среќен Божиќ на сите. Лего и јас“, напишал Дамијано.

Неговата објава на Инстаграм привлекла многу следбеници и брзо достигнала повеќе од 1,4 милиони допаѓања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Дамијано овојпат ги почестил своите фанови со најпровокативната фотографија досега, а тие одговориле со бројни коментари.

„Имам колачиња и млеко, ако сакаш“, „О, Боже!“, „Дедо Мраз изгледа ги слушна моите желби“, „Ти ми ги исполни сите желби овој Божиќ“, „Кој имаше чест да те фотографира“, се само дел од коментарите.