Во Франција се подготвува граѓанска војна и вие тоа многу добро го знаете, напишаа активните офицери на француската армија во писмото до претседателот Емануел Макрон.
Притоа, тие ги поддржаа пензионираните генерали, кои претходно напишаа отворено писмо со сличен тон, што укажува на недостаток на безбедносна и анти-екстремистичка политика.
Писмото на офицерите, исто како и претходното писмото на генералите, го објави францускиот магазин Валер актуел. Имињата на офицерите кои го напишале писмото не се објавени, но истакнато е дека тие се борци кои заслужуваат почит.
Ова се високи офицери чија чест беше изгазена претходните недели. Илјадници француски војници потпишаа отворено писмо, војници кои дадоа се од себе да ја одбранат нашата слобода. Со нив се однесувате како бунтовници, иако единствен грев им е што ја сакаат својата земја и жалат за нејзиниот пад, се вели во писмото.
French soldiers sign open letter warning about the threat of civil war in Francehttps://t.co/RCaAOaJxr4
— BBC News (World) (@BBCWorld) May 10, 2021
Во него се наведува дека се гледа „насилството во нашите градови и села“ и дека „омраза кон Франција и нејзината историја станува правило“.
Во Франција се подготвува граѓанска војна и вие тоа добро го знаете. Време е за акција за спас на нашата татковина, а овој пат станува збор за опстанокот на нашата земја, се вели во писмото, пренесуваат француските медиуми.
Претходно, истото списание објави писмо од повеќе од 1.000 воени службеници, вклучително и 20 генерали во пензија, со барање од Макрон и владата да преземат мерки против опасностите од исламизмот и верскиот фанатизам, за кои велат дека можат да го „поделат општеството и да предизвикаат граѓанска војна во држава “.
Отворено писмо од група пензионирани генерали кои бараат „одбрана на Франција“ од исламизмот наиде на симпатии во јавноста, напиша претходно Дојче веле.
Pendant qu’un gouvernement malhonnête décrit une tribune de généraux à la retraite comme le plus grand problème de la France, voilà ce qui se passe dans notre pays.
Je mettrai toute mon énergie à stopper net cette voyoucratie qui nous pourrit la vie. MLP https://t.co/Vyzp8PL4zk
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) April 28, 2021
Марин Ле Пен, лидер на десничарската Национална алијанса, испрати порака до пензионираните генерали, давајќи им целосна поддршка: „Ве повикувам да се вклучите во започнатата битка и битката што е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанин и како жена политичарка го споделувам вашето страдање“, рече Марин Ле Пен.
Да потсетиме, група од 20 пензионирани воени генерали потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон. Уште 80 високи офицери се приклучија на групата пензионирани генерали, што му дава дополнителна тежина на отвореното писмо.