По извршените контроли – Седум компании казнети за илегална трговија со мазут

За компаниите се изречени прекршочни пријави и казни за илегален увоз, складирање и продажба на мазут, изјавија денеска Љупчо Николовски и Крешник Бектеши.

Компаниите кои се санкционирани се Блу технолоџи, Евротим, Супертрејд, САНС АГ Штип, ЛИ ОИЛ, Пертинакс Скопје.

Google search engine

Кај првонаведената Блу технолоџи е констатирано дека се продава мазут ППД, и поради тоа на компанијата и е издадено решение за привремена забрана за пуштање во промет на производот.

САНС АГ Штип произведувала мазут од отпадни гуми за кој инспекторатот констатирал дека производот не ги исполнува стандардите квалитет. За оваа компанија е изречена забрана за работа и барање за одземање на Б интегрирана дозвола.

Кај дел од компаниите е утврдено неправилности во делот на законската обврска во чување на залихи, и правилно водење на сметководствена евиденција. Притоа за седум компании се изречени прекршочни казни во висина 55.510 евра

“Би сакал да нагласам дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатија и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршеа во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати. Притоа кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција”, рече Николовски.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави засилени контроли и во следниот период за, како што рече, да се заштитат потрошувачите и животната средина.

“Квалитетот на нафтените деривати што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите. Со Законот за енергетика кој што беше усвоен пред две години, токму на ова и се обврзавме, а впрочем тоа се и директивите на Европската Унија со кои сме целосно усогласени”, рече Бектеши.

ПретходнаСо силно полициско обезбедување се урива платформата на „Куба либре“ во Охрид
СледнаИ ноќните клубови ги „тресе“ крипто-грозница: Лидерите велат дека биткоинот е подобар и од златото…