По интервјуто на Меган и Хари кралицата Елизабета ги зема работите во свои раце – еве што планира да направи

Кралицата Елизабета Втора планира принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган маркл да ја преземат одговорноста за последиците од нивното „експлозивно“ интервју кое што ѝ го дадоа на американската водителка Опра Винфри.

По низата шокантни изјави дадени во интервјуто, членовите на кралското семејство сè уште не можат да се „смират“, но кралицата по писмен пат ја издаде најстрогата наредба за да спречи вработените да зборуваат за тоа во јавноста.

Google search engine

Наводно таа одлучила лично да го контактира парот кој што живее во Калифорнија.

Се очекува во наредните неколку денови по пат на телефонски повик да стапи во контакт со Меган и Хари, пренесува „Daily Mail“.

Како што пренесува истоимениот британски медиум, Хари и Меган за соопштението од Бакингемската палата дознале пред истото да биде испратено во јавноста, но кралицата сега верува дека дошло време за поинтимен пристап.

Одлуката на 94-годишната кралица да преземе иницијатива изгледа разумна. Останатите членови од кралското семејство, како на пример принцот Чарлс и војводата од Кембриџ принцот Вилијам, биле многу вознемирени поради начинот на кој што Меган и Хари ги опишале.

Инаку, Хари изјави и дека чувствува дека неговиот татко го изневерил и дека ги игнорирал неговите повици пред одлуката за напуштањето на кралската должност. Исто така тој признал дека меѓу него и Вилијам сè уште постои тензија.

Хари обвини и неименуван член од кралското семејство за расизам велејќи дека со својата сопруга Меган и нивниот син Арчи одлучил да ја напушти Велика Британија затоа што од другите членови на семејството не добил никаква поддршка.

 

 

Да ве потсетиме, кралицата Елизабета Втора и нејзиното семејство во вторникот објавија дека ги растажило сознанието за искуствата на принцот Хари и неговата сопруга Меган и дека ќе се позанимаваат со прашањето за „расизмот“ кое што беше споменато во интервјуто.

„Целото семејтво е тажно поради сознанието колку минатите години биле предизвикувачки за Хари и Меган. Отворени прашања, особено тоа за „расата“, се загрижувачки. Иако некои од сеќавањата многу се разликуваат, тие се сфаќаат сериозно и семејството ќе ги реши приватно“, соопштиле од Бакингемската палата.