Навивачите на Партизан „Јужна страна“ на својот официјален ЈуТјуб канал објавија денеска ново видео под наслов – Тајна од бункерот на стадионот на Партизан.
Со овој ироничен наслов се алудира на апсењето на навивачката група „Принципи“ на чело со Вељко Беливук познат како Веља Невоља, а снимката настанала пред неколку месеци на организираната прослава на навивачите од јужната трибина на стадионот, во и околу просториите на затворениот ресторан на ФК Партизан. „Партизановци“ демонстрираат дека се моќна група, подотвена да се мобилизира во секое време.
Токму тука, само неколку месеци подоцна дојде до апсење на криминалната организација на Беливук, поточно неколку членови на оваа група кои наводно се поврзани со црногорскиот Кавачки криминален клан, објавија српските медиуми.
Недалеку од местото каде се случува ова откриен е бункерот на Вељко Беливук во кој се пронајдени неколку пиштоли и дури и еден снајпер. Гости токму на тој бункер на почетокот на септември биле фудбалерите на Партизан, објавија медиумите. Црно-белите тогаш не можеле ниту да насетат што, пет месеци подоцна токму на тоа место ќе се случи.