По 2 децении брак сопругот ѝ признал дека е геј, а животот им го одбележал и еден морничав настан – велат дека и покрај сè, тие денес имаат интимни односи

Љубовната приказна на Френ Дрешер и Питер Марк Џејкобсон ги руши сите предрасуди. Преживеале разни несреќи и без оглед на тоа останале во прекрасни односи.

Актерката и најпопуларна дадилка на светот Френ Дрешер, по подолго време се појавила во јавноста на доделувањето на САГ наградите во Лос Анџелес и тоа во друштво на поранешниот сопруг Питер Марк Џејкобсон. Со овој потег започнале вистинска бура во светските медиуми, па не престанува да се пишува за нивниот турбулентен однос.

Google search engine

Имено, тие доминирале на црвениот тепих каде трпеливо позирале пред присутните фотографи. И двајцата биле во елегантни изданија – Френ ја истакнала својата витка фигура во црн фустан со светки, додека Питер за оваа прилика избрал да носи класично црно одело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)

Во текот на целата церемонија тие не се раздвојувале, па покажале колку всушност останале блиски.

Како се засакале Френ и Питер?

Френ многу рано го запознала својот иден сопруг Питер Марк Џејкобсон за којшто се венчала во 1978 година на само 21 година.

Седум години подоцна го доживеале првиот ужас во својата куќа во Лос Анџелес. Имено, вооружени провалници упаднале во нивниот дом. Додека еден го ограбувал нивниот дом, друг ја силувал Френ и нејзината пријателка држејќи им го пиштолот вперен во главата. За тоа време, Питер го претепале, го врзале и го натерале да сведочи за монструозниот настан.

Актерката со години закрепнувала од овој брутален настан за кој многу долго не можела да зборува во јавноста. Дури неодамна ги открила ужасните факти.

Меѓутоа, бракот со Питер доживеал крах во 1996 година, а тие официјално се развеле во 1999 година. Причината за нивната разделба е шокантното признание на Џејкобсон дека е хомосексуалец.

Парот без оглед на љубовниот бродолом останал во пријателски односи. Откако поранешниот партнер ѝ признал дека е геј, Френ активно се вклучила во групата за промовирање на правата на LGBTQ заедницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)

„Нашата љубов е единствена, ретка и бескрајна. Освен кога е иритантна“, изјавила за својот поранешен сопруг таа во една прилика.

А, потоа ја запрепастила јавноста со признанието дека и натаму повремено е интимна со Питер.

„Имам поранешен сопруг хомосексуалец којшто го сакам и тој исполнува многу мои потреби. Се гледаме двапати месечно, што е и повеќе од доволно. Тој доаѓа кај мене, се дружиме, подготвуваме жешка купка, јас правам храна, лежиме во кревет, гледаме тенис или некој добар филм. Секако, имаме и интимни односи и тоа е тоа што ме одржува“, изјавила актерката за „Page Six“.

Животот не ја милувал славната дадилка, па во 2000 година се соочила со канцер на грлото на матката поради кој поминала низ хемотерапија. По вадење на матката, нејзината здравствена состојба се регулирала. Таа не се остварила во улогата на мајка и после Питер не запловила во брачните води повторно.