Во последниве неколку години Албанија стана многу привлечна туристичка дестинација каде што луѓето сè почесто летуваат.
Иако Албанија сè уште не е доволно туристички откриена и неистражена, песочното крајбрежје привлекува сè повеќе туристи.
Во продолжение ви претставуваме 3 најубави плажи во Албанија:
Ксамил

Ксамил е едно од најпосетените приморски одморалишта, како меѓу домашните така и меѓу странските туристи. Доколку барате песочни плажи, кристално чисто море и недопрена природа, тогаш плажата Ксамил е вистинскиот избор за вас.

Таму копнената плажа е мала, но чиста. За време на комунизмот ова подрачје било познато по произведување на маслиновото масло, лимоните и мандарините.
Гјипе

Плажата Гјипе е во преодниот појас на Јадранското и Јонското море. Овој предел е една од најпосетените атракции на албанската ривиера. Без оглед на тоа, кањонот кој се наоѓа таму претставува важно природно подрачје поради тоа што е дом на многу ендемски видови жив свет.

Многу е тешко да се пронајдат недопрени плажи на Средоземното и Јадранското море, но Гјипе е една од тие. Поради тоа што е скриена во подрачјето на кањонот, до плажата може да се стигне само пешки. Совршена е за љубителите на природата и дава неверојатен поглед кон албанското крајбрежје.
Борш

Место кое ја крие најголемата плажа во Албанија долга седум километри. Ова подрачје е идеално за љубителите на долгите прошетки, а го опкружуваат големите дрвја маслинки и врвови од планини.

Чистото тиркизно море е идеално за капење, а ова место е интересно и за оние кои сакаат да уживаат во мирот и тишината.