Писмото со кое Брандо се обидел да ја утеши Мерилин Монро додека била во душевна болница – Набрзо потоа извршила самоубиство

Една година пред да стави крај на својот живот, Мерилин Монро била хоспитализирана поради депресија, а токму тогаш преку писмо ѝ се обратил еден од најпознатите луѓе во тоа време.

Додека боледувала од тешка депресија и се соочувала со чести здравствени проблеми, една од најубавите жени во Холивуд била поддржана од своите пријатели.

Google search engine

Поради тоа што често била болна, таа губела волја за живот и непрекинато се чувствувала исцрпено, а на 11 февруари таа заминала во една њујоршка психијатриска болница.

Малку е познато дека таа престојувала во институцијата за ментално здравје, а токму таму ѝ стигнало посебно писмо кое ѝ го испратил колегата Марлон Брандо.

„Драга Мерилин,

Најдобрите повторни процени се раѓаат во најлошите кризи. Во одредена мера, тоа на сите ни се случува. Биди среќна поради тоа и не плаши се од стравот. Тој може само да помогне. Опушти се и уживај во тоа. Моите мисли се со тебе и ти испраќам најтопла поддршка.

Марлон“.

Околу една година подоцна, Мерилин извршила самоубиство.

Инаку, ова писмо во 2005 година на аукција било продадено за неверојатни 36.000 американски долари.