Пинк раскажала како успеала да го наговори Еминем со неа да ја сними песната „Revenge“ од нејзиниот последен албум „Beautiful Trauma“ и нагласила дека соработката им започнала како и секоја врска – со пијана порака.
Пејачката малку се напила, па на Еминем му испратиле мејл во кој му дала неколку комплименти и објаснила зошто треба токму со неа да сними песна.
„Пиев многу вино, баш многу. Потоа седнав пред лап топ и му напишав мејл на Еминем. Текстот одеше некако вака: ‘Знам дека те сакам. Ти сакаш да снимаш музика со луѓе што ги сакаш, како што е Ријана. Таа е поубава од мене, но јас сум позабавна. Планирам да добијам Греми за најдобар рап и сакам да го споделам со тебе’. Потоа тој ми одговори: ‘Океј’“, раскажала Пинк за странските медиуми.
Иако веднаш ѝ одговорил, таа не била задоволна со кратката реакција, па повторно му напишала мејл.
„Повторно се обидов да добијам некоја подобра реакција, па му напишав нешто во стилот: ‘Ова е најдоброто нешто што сум го слушнала, сакам да те соборам и да ти го истријам лицето во песокот“, признала таа.
Се разбира, Еминем и на тоа одговорил на свој начин – со кратко ‘океј’.