Пилот им се заканил на приврзаници на Трамп дека ќе го спушти авионот и ќе ги остави

Два дена откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднале во американскиот Конгрес и направиле хаос, чиј резултат бил пет починати, многу повредени и повеќе од 60 уапсени, се појавила снимка од еден авион во кој патувале и приврзаници на Трамп.

Поради нивото однесување во текот на летот, се огласил пилотот кој им се заканил дека ќе ги остави во Канзас ако не почнат да се однесуваат како што треба.

Google search engine

Авионот на “American Airlines“, бил преполн со приврзаници на Трамп и летал од Вашингтон во Феникс во петокот, на 8-ми јануари.

Патниците скандирале, а многу од нив не носеле ни маски. Пилотот побарал да се однесуваат како што треба, или ќе ги остави илјадници милји далеку од дома, пишува “Unilad”.

На социјалните мрежи е објавена снимка од пораката на капетанот. Секако, приврзаниците на Трамп не биле задоволни.

“Вака ќе биде… летот трае четири и пол часа до Феникс. Ќе го спуштам овој авион во Канзас и ќе ги истоварам луѓето – не ме интересира. Ќе го направам тоа ако е потребно, затоа однесувајте се како што треба, ве молам”, рекол пилотот, како што може да се слушне на снимката.

Компанијата “American Airlines” застанала во одбрана на својот пилот, а портпаролот на “New York Post” рекол дека пилотот ја нагласил важноста на почитувањето на упатствата кои ги даваат членовите на екипажот и почитувањето на важните правила за покривање на лицата со маски.

“Во “American” сериозно ја сфаќаме безбедноста на нашите патници и ја цениме довербата која ја укажуваат во нашиот тим да се грижи за нив во текот на целото патување”, додале од компанијата.