Петар Грашо го прекина молкот непосредно пред венчавката со Хана: „Не сакам луѓето да се грижат за мојата спална соба“

Иако веќе со месеци се знае за љубовната врска помеѓу Петар Грашо и Хана Хуљиќ, музичарот дури сега одлучил јавно да зборува на оваа тема.

„Се случи љубов. Љубов треба да се случи, не треба да се планира, за љубов не треба премногу да се зборува. Тоа се некои работи кои човек треба да ги негува во себе, не треба да се фали со тоа. Да, постои љубов. Да, тоа е прекрасен период од животот со личноста која ви значи најмногу во тој момент и со која планирате да се препуштите и да запловите“, рекол пејачот за време на гостувањето во емисијата Премиера – Викенд специјал.

Google search engine

Грашо се осврнал и на претстојната венчавка, која е закажана за 19-ти февруари, во Сплит.

„Тоа не е тајна, иако видовме 40 различни датуми. И Хана и јас сме луѓе кои не сакаат да излегуваат во весници. Неверојатно е дека бевме на толку насловни страници – луѓе кои не сакаат да излегуваат во јавност“, рекол пејачот.

Исто така, ја искоментирал и убавата вест дека тој и Хана ќе станат родители.

„Ќе бидам татко. Благодарни сме на секој чекор кој е направен кон нас. Малку е смешно што луѓето насекаде нè фотографираат со телефон, имам 25-годишна кариера, но очигледно на луѓето им недостасуваат неколку вакви убави приказни… Но, ќе настојувам да ја задржам својата приватност, бидејќи сакам луѓето да се грижат за песните, а не за мојата спална соба“, рекол Грашо.

Познато е дека Петар веќе со години е семеен пријател на семејството Хуљиќ, а во споменатата емисија рекол дека Тончи (таткото на Хана) и тој секогаш ќе бидат тука еден за друг – и пријателски и приватно и професионално.

„Секогаш бевме семејство, а сега сме тоа и формално-правно. Ги обожавам тие луѓе, навистина, секогаш, и многу добро се согласуваат со моите. Живееме како сите нормални луѓе. Се шегуваме, се смееме. Уживаме додека правиме музика и многу сум среќен што ја имаме таа голема синергија и што кога работиме заедно со Вјекослава, се случуваат големи хитови“.