Рускиот аналитичар Михаил Ходарјонок беше гостин на руската државна телевизија, каде даде изненадувачки искрен став за руската инвазија на Украина.
Ходарјонок изјави дека руските извештаи за деморализирани украински војници не сведочат за реалната состојба бидејќи, како што рече, тоа се само поединечни случаи. Тој е на мислење дека ситуацијата е поинаква и дека Украинците се многу мотивирани и подготвени да загинат за својата земја.
Запрашан да ја коментира моменталната ситуација на бојното поле, Ходарјонок, кој во последните денови дава искрени оценки за војната во Украина, ги повика гледачите да бидат претпазливи за какви било информации што ги дава Русија за опаѓање на моралот во редовите на украинските сили.
“Сето тоа е, искрено, лага”, рече тој во четириминутното видео преведено од новинарот на Би-Би-Си Френсис Скар.
In an extremely rare moment of candour on Russian state TV today, defence columnist Mikhail Khodaryonok gave a damning assessment of Russia's war in Ukraine and his country's international isolation. It's fairly long but worth your time so I've added subtitles. pic.twitter.com/0mr7WAgSx6
— Francis Scarr (@francis_scarr) May 16, 2022
Тој, исто така, рече дека се противи на “штракањето со оружје во однос на ракетните напади врз Финска” по одлуката на рускиот сосед да се приклучи на НАТО, бидејќи, како што рече, главниот недостаток на Русија е нејзината “целосна геополитичка изолација”.
“Колку и да е тешко за Русите да признаат, речиси целиот свет е против нас”, рече тој.
Тој порача дека Русија мора да излезе од таа ситуација.
Ходарјонок спомна дека наскоро ќе биде одобрена дарежлива воена и хуманитарна помош од Запад, повикувајќи се на американскиот Конгрес, и коментираше дека Русија мора да се подготви Украина наскоро да има “милион вооружени војници.
Тоа мора да го земеме предвид кога правиме оперативни и стратешки пресметки, дека состојбата на овој план ќе ни се влоши. Тие самите велат дека не им е проблем да мобилизираат милион луѓе, рече тој на државната телевизија.
Кога водителката Олга Скабеева, наречена “железната кукла на Путин ТВ”, одговори велејќи дека украинските сили не претставуваат голем контингент, пензионираниот полковник одговори дека нивната волја е поважна од тоа дали се “професионални” војници.
Станува збор за тоа дека степенот на професионалност не се одредува според бројот на примени војници во професионална служба, туку според степенот на обука, морал и подготвеност да се пролее крв за татковината, рече тој.
Скабејева потоа се обиде да ја изедначи “желбата да се умре” со професионализмот, но Ходарјонок остана смирен велејќи дека “тоа е составен дел од високата борбена готовност на армијата”.
– Главното во армијата е секогаш да се одржува чувството за воено-политички реализам. Ако одите подалеку од тоа порано или подоцна, историската реалност ќе ве погоди толку силно што ќе зажалите, рече тој.
Ваквиот различен поглед на ситуацијата во Украина остави во неверување добар дел од Русија, но и аналитичарите кои секојдневно ги анализираат настаните на руските пропагандни канали. Главното прашање што го поставуваат сите е:
Зошто никој не го прекина?