Песна од „Парни Ваљак“ за која сите мислиме дека е љубовна, но еве кое е нејзиното значење

На 22 јануари почина пејачот и фронтмен на „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, а сега сите се присетуваат на неговите славни хитови.

Песната „Sve još miriše na nju“ е еден од хитовите кои со задоволство ги слушаме, мислејќи дека станува збор за голема љубовна песна. Меѓутоа, вистината е различна од тоа.

Реклама

Песната ја напишал Хусеин Хасанефендиќ Хус, како што вели – во етапи, а објавена била на албумот „Buđenje“.

Многумина слушајќи ја, би помислиле дека Аки, кој секогаш зборуваше дека жените му се инспирација „ја напишал песната за својата сакана“, но тоа не е вистинското значење, а Хус истото го открил во некоја емисија на хрватска телевизија.

„Тоа е песна која пати за младоста и времето кое поминува, која како некоја метафора зборува за некоја имагинарна жена, а всушност е метафора за младоста, нешто слично како песната „Jesen u meni’“, ги објаснил Хус своите мотиви за пишувањето на песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak)

Аки Рахимовски и Хусеин Хасанефендиќ во 1975 година ја основаат групата „Парни Ваљак“ во соработка со менаџерот Владимир Михаљек.

Од тогаш направиле неверојатни музички хитови кои ќе останат да живеат засекогаш.

Слушнете ја песната:

Реклама