Персоналот на Сорос, Клинтон и Обама и европски влади стојат зад анти-Маск кампањата да ги принудат големите корпорации да го бојкотираат Твитер: „Кој ги финансира овие организации“?

Некои високо позиционирани либерални фигури се здружени во обидот да ги натераат маркетинг агенциите да го бојкотираат Твитер доколку Илон Маск ги спроведе своите ветувања за политиките за „непречена“ слобода на говорот.

26 невладини организации и групи потпишале писмо преку кое ја изразуваат загриженоста од планот на најбогатиот човек на светот.

Google search engine

Маск лично одговорил на тоа писмо, прашувајќи кој ги финансира: одговорот е – асортиман од „групи со црни пари“ како „Open Society Foundation“ на Сорос, невладини организации основани од членови на администрациите на поранешните претседатели на САД Бил Клинтон и Барак Обама, богати донатори на Демократите, синдикати, како и некои Европски влади.

„Преземањето на Твитер од страна од Илон Маск ќе го загади нашиот информациски еко-систем и ќе биде директна закана за јавната безбедност, посебно меѓу оние кои веќе се ранливи и маргинализирани“, стои во писмото.

Тие во писмото предупредуваат дека со рекламирањето на Твитер компаниите ризикуваат да бидат поврзани со платформа која поддржува омраза, екстремизам, дезинформации за здравството и теории на заговори.

Авторите понатаму во писмото велат: Под водство на Маск, Твитер ризикува да стане јама од дезинформации, со вашиот бренд закачен за неа, загадувајќи го нашиот информациски екосистем во време кога довербата во институциите и вестите е на најниско можно ниво.

„Вашите пари за рекламирање можат или да го спонзорираат нарцисоидниот проект на Маск или да го направат одговорен за неговите акции. Ве повикуваме да барате од Маск да ги задржи постоечките стандарди на доверба и безбедност, и да ги повлечете вашите пари за маркетинг од Твитер ако досега не сте го направиле тоа“.

Маск, како одговор на писмото, напишал: Кој ги спонзорира овие организации што сакаат да ги контролираат информациите кои ги добивате. Ајде да истражиме…

Занесен од критиките, тој додал: „Сончевата светлина е најдоброто средство за дезинфекција“.

Писмото потпишано од 26-те групи најгоре ги содржи логоата на „Accountable Tech“, „Media Matters For America“ и „Ultraviolet“.

„Accountable Tech“ – Никол Џил – ко-основач и извршен директор

„Accountable Tech“ е група базирана во Вашингтон и водена од Никол Џил, работник на политички кампањи, и Џеси Лерич, поранешен портпарол за надворешна политика во кампањата на Хилари Клинтон и внук на Дејвид Акселрод, поранешен висок советник на Барак Обама.

„Џиновските социјални мрежи ја кородираат нашата перцепција за реалност и ја туркаат демократијата кон работ. Ние се бориме против тоа“, велат тие на нивната веб страна.

Основана во мај 2020-та година, групата спаѓа во секцијата 501(c)(4), што значи дека не мора да ги открие своите донори и спонзори.

„Media Matters for America – Дејвид Брок – сопственик и директор“

„Media Matters for America“ е основана во мај 2004-та година од страна на Дејвид Број – поранешен конзервативен новинар, сега либерал, а во 2017-та година од „Politico“ опишан како „кучето за напад“ на Демократите.

„Спроведувачот на Клинтон, кој собра десетици милиони долари и креираше мрежа од групи за да ја турка нејзината кампања, а сега ги фокусира своите погледи на Трамп“, напишале во „Politico“ тогаш.

„Брок собира демократски мегадонатори зад својата кауза и иако понекогаш знае да биде контроверзен, малкумина се обложуваат против него. Неговите пипки се далекусежни, како и оние на непрофитната организација Media Matters“.

Од „Media Matters for America“ за себе велат дека се „посветени на набљудување, анализирање и поправање на конзервативните дезинформации во американските медиуми“.

Според „Influence Watch“, групата е основана со околу 2 милиони долари во донации од либерали, меѓу кои Сузи Томпкинс Буел, 78-годишниот ко-основач на брендовите „Espirit“ и „The North Face“; 74-годишниот експерт за медиуми Лео Хиндери и Џејмс Хормел, кој починал во август на возраст од 88 години.

Хормел бил наследник на богата компанија за пакување на месо, и прв американски амбасадор (Луксембург), кој јавно се декларирал како хомосексуалец. Исто така, тој е ко-соновач на „Human Rights Campain“ во 1981-ва година – истакната група за правата на хомосексуалците во државата.

„Media Matters“ е основана од „коалиција од донатори“, меѓу кои и Националната Образовна Асоцијација – најголемиот синдикат во Америка, кој ги претставува наставниците и останатиот училишен персонал, како и неколку еврејски групи, како „Combined Jewish Philanthropies“ од Бостон и „Community Foundation of the United Jewish Federation“ од Сан Диего.

„Ultraviolet – Нита Чаудари, ко-основач и Шона Томас, ко-основач и извршен директор“

„Ultraviolet“ е најнова од споменатото трио, основана во 2012-та година.

„Ultraviolet е моќна и брзорастечка заедница од луѓе мобилизирани да се борат против сексизам и да креираат поинклузивен свет кој правилно ги претставува жените од политиката и владите, преку медиумите, до поп-културата“, стои на нивниот веб сајт.

„Ја основавме Ultraviolet на принципот дека со комбинација од организирање, технологија, креативни кампањи и моќни луѓе, можеме да победиме. UV води креативни кампањи кои извојуваат победи од политиката до културата“.

Групата е поддржана од неколку синдикати – меѓу кои Американската Федерација за труд – Конгрес на индустриски организации (AFL-CIO), и Американската Федерација на Наставници.

Маск е познат по тоа што е анти-синдикален, и бил исклучен од настаните за електрични возила под покровителство на Белата куќа поради фактот дека работната сила во „Tesla“ нема синдикат.

„UltraViolet“ е поддржана и од многу семејни фондации, вклучувајќи ја и „NoVo Foundation“ на синот на Ворен Бафет, Питер.

„NoVo“ работи за да им помогне на маргинализираните групи во општеството.

Поддржана е и од една од многуте фондации на семејството Прикер, Либра. Овие милијардери од Чикаго се едно од најбогатите семејства во САД, кое парите ги има направено во главно преку ланецот хотели „Hayat“.

„Fair Vote UK – Кајл Тејлор, основач“

Не сите од 26-те групи кои го потпишале писмото се од САД.

„Fair Vote UK“, британска група која работи на решавање на прашањето за злоупотреба на податоци, манипулација со гласачите и недостиг на транспарентност на изборите, е меѓу потписниците.

Оваа мала група на својот сајт ги прикажува само донациите од повеќе од 500 фунти.