Пентагон шокиран: нуклеарниот арсенал на Кина расте пет пати побргу од предвиденото

Денеска од Пентагон се објави нов извештај за кинеските воени способности и посебен фокус е ставен на кинеските нуклеарни сили.

Во извештајот се вели дека Кина би можела да има најмалку 1.000 нуклеарни боеви глави до крајот на оваа деценија, многу повеќе од претходните прогнози направени од Пентагон.

Google search engine

Се истакнува дека кинеската армија би можела да има околу 700 нуклеарни боеви глави до почетокот на 2027 година, а над 1.000 до 2030 година. Тоа претставува големо забрзување на кинеските нуклеарни капацитети, и интензивно работење на истите.

Имено, во истиот извештај на Пентагон од минатата година се наведува дека Кина моментално располага со околу 200 нуклеарни боеви глави.