Пендаровски: Сигурно ПР-стратези му сугерирале на премиерот Заев да напише таква небулоза за мене

Тоа што денеска го рекол премиерот Зоран Заев за мене не е во стилот на Зоран Заев и јас лично се сомневам дека некој од неговите познати ПР-стратези и советници му сугерирале да напише таква небулоза дека е зачудувачки претседателот на државата да работи против интересите на граѓаните, рече шефот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма.

– Ако Заев ја слушал изјавата што ја дадов во Приштина, а која трае 2 минути и 30 секунди, ќе знае дека јас го кажувам истото што му го кажав нему лично во 2019 година на лидерската средба која ја организиравме откако тој подесе оставка поради француското одолговлекување и поради новата методологија за проширување на Европската Унија. Тој тогаш рече дека е изневерен од ЕУ и дека треба да одиме на нови избори. На таа лидерска средба цели два часа разговаравме и јас тогаш му ги кажав моите загрижености кога станува збор за иницијативата „Отворен Балкан“, односно тогашен „Мини шенген“. Тогаш му реков дека ако иницијативата „Отворен Балкан“ значи компензација за полноправно членство во ЕУ, тогаш јас нема да ја прифатам таа иницијатива. Му реков, ако таа иницијатива е замислена како некаква идеја за реставрација на некаква Југославија, јас ќе бидам против. Исто така, му посочив и дека ако таа иницијатива се занимава со политика, а не со економија и со трговија, тогаш јас ќе бидам против. Заев тогаш нè убедуваше и нè убеди дека не станува збор за ништо такво, туку само за полесно преминување на границите – истакна Пендаровски.

Google search engine
ПретходнаЧајот од оваа билка е еликсир за целото тело: Ослободува од стрес и несоница, го подобрува варењето и е моќен антиоксидант
СледнаРуска зимска бајка: Празнична атмосфера на големо владее во Москва!