Една од најпопуларните пејачки на светот – Ријана, во неделата приредила роденденска вечера за своето момче АСАП Роки во некој познат ресторан во Лос Анџелес.
Ова е еден од ретките моменти кога пејачката ја гледаме во јавноста откако во мај се породи во целосна тајност и на свет го донесе своето прво дете.

Познатиот пар бил фотографиран од страна на папарацо фотографите кога излегувале од ресторанот, а за оваа прилика Ријана избрала да носи предизвикувачки фустан.
Фустанот од провиден материјал којшто го потпишува Џон Галијано со длабок шлиц и смело деколте, го надополнила со елегантни, црни, лакирани чевли.

Сепак, би можело да се каже дека Ријана имала тешкотии да зачува сè на место, а со рацете упорно се обидувала да ги покрие градите, за фотографите да не „уловат“ тоа што не треба.
Изгледа како сепак да не успеала во тоа…
Инаку, пејачката во текот на бременоста форсираше сексапилен изглед поради што често се наоѓаше на мета на критики.

Очигледно Ријана одлучила да го смени своето досегашно однесување, па по породувањето одредени делови од своето тело не ги става во прв план…

