Пејачката Џеси Џеј, по повод својот 33-ти роденден објави фотографија на Инстаграм на која е потполно гола.
Иако роденденот го прославила во саботата, на 27-ми март, дури сега го одбележала на социјалните мрежи, а фотографијата ги воодушеви нејзините обожаватели.
„Презгодна“, „Моќна фотографија и жена“, „Кендал Џенер, сокриј се“, се дел од коментарите кои се нижат под фотографијата на која Џеси ги сокрила интимните делови. Објавата има над 400.000 лајкови, а фановите ја опсипале и со роденденски честитки.
Реагирало и нејзиното ново момче, танчерот Макс Нгајен кој со коментарот на сите им ставил до знаење дека Џеси е негова.
Пејачката кон почетокот на март објави заедничка фотографија со Макс со која потврди дека се пар, а започнале да се забавуваат само неколку месеци откако таа ја прекина турбулентната врска со миленикот на многу жени, Ченинг Тејтум.

