Наводно на аеродромот во Германија е уапсена екипа српски познати пејачи. Според извештаите, тие биле уапсени на аеродромот од финансиската инспекција.
Меѓу уапсените во Германија наводно е и Теа Таировиќ. Имено, пејачката наводно била уапсена на аеродром од финансиската инспекција. Пејачката се уште е во притвор, а во раните утрински часови е приведена.
Имено, кај неа полицијата наводно пронашла значителна сума на пари, а се зборува за неверојатна цифра од 70.000 евра, пишува Pink.rs.
Според шпекулациите, локалните власти би можеле да и забранат влез во земјата до понатамошно известување, како и на другите уапсени пејачи.