Легендарниот холивудски актер Том Круз побеснел на сетот на „Mission: Impossible 7“ поради пропуст во анти-корона протоколите, па ѝ се заканувал на целата филмска екипа со отказ.
Ѕвездата на акциониот филм им замерил на колегите за пропустите во социјалното дистанцирање и другите правила кои овозможуваат снимање во текот на пандемијата на коронавирусот, па луто им викал со зборовите:
„Ако те видам повторно да го правиш тоа, ќе добиеш е*ен отказ. Ако било кој го направи тоа, си заминува од сетот“, започнал Круз.
„Тие се таму во Холивуд и прават филмови поради нас сега. Работиме над илјада работи“, додал актерот со бесен тон.
„Тоа е тоа, без извинување. Можете да им се извините на луѓето кои ги губат своите домови бидејќи нашата индустрија се гасне. Тоа нема да стави храна на нивната маса ниту ќе го плати школувањето на нивните деца“.
„Нема да го прекинеме снимањето на овој е*ен филм, дали ви е јасно? Ако повторно го видам тоа, добивате отказ“, рекол Том Круз.
„Секоја вечер сум на телефон со сите студија, осигурителни куќи, продуценти и тие гледаат во нас и нè користат за да ги направат своите филмови. Со тоа спијам секоја вечер. Иднината на оваа е*ена индустрија е во наши раце. Дали ме разбирате што сакам? Дали јa разбирате одговорноста која ја имате? Им верувам на луѓето кои се тука, но ако не сакате да ми помогнете, заминете си“, викал луто Круз, а целата снимка можете да ја слушнете во продолжение: