Патарини поскапи од авионски карти: Ценовник за цел Балкан. Дали во Македонија се најскапи?

Летната сезона е во полн ек и голем број наши граѓани се упатуваат кон нивните омилени туристички дестинации.

Значителен број од нив отишле на море со автомобил, а тоа веќе вклучува трошоци за патарина во нивните трошоци.

Google search engine

Патарините се убедливо најскапи во Хрватска, а на пример, ако патувате од Липовац ( границата меѓу Србија и Хрватска ) со Загреб тогаш за тие околу 280 километри ќе платите околу 17 евра. А од Загреб до Дубровник, за околу 601 километар автопат само за патарини треба да се платат околу 31 евро. Овие се цени во еден правец.

За патарината од Белград до Димитровград, во случај да одите од Србија во Бугарија, треба да одвоите 11,5 евра, односно 1.310 динари.

За патарина од Белград до Прешево или од македонска граница до Белград потребни ви се 1.490 динари или 12,68 евра.

Ако одите во Хрватска, од Белград до Шид ви требаат 420 динари или 3,57 евра.

Во 2019 година Бугарија воведе задолжителни електронски вињетки. Во случај да немате купено вињетка ќе мора да платите казна од 150 до 1.500 евра.

За седумдневна вињетка треба да издвоите 8 евра, за едномесечна вињетка 15 евра, за тримесечна вињетка 28 евра и за годишна 50 евра.

Од Гевгелија до Солун, според веб-страницата Виа Мишелин, треба да одвоите 1,8 евра за патарини. Во случај да одлучите да го посетите Крф, потребни ви се 10,6 евра.

Во Македонија на потегот од Скопје до Гевгелија сега имате пет патарини и треба да се плати во еден правец околу шест евра.