Паркингот на „Градски паркинг“ Скопје поевтинува од утре

Од утре поевтин паркинг во зонското паркирање во Скопје. Цената за паркирање во зона А0 се намалува од 100 на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за 1 час.

Од надлежното ЈП „Градски паркинг“ – Скопје порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.

Google search engine