„ПАРИ“ ОТКРИВА: 10 градежни фирми со чист профит од над 20 милиони евра, кој доби, а кој изгуби лани!

Во услови на криза, прво предизвикана од пандемијата, а потоа и од руско-украинската војна, најбрзо страдаат проекциите за капиталните инвестиции, а тоа значи помал ангажман и на градежните компании. Но, она што беше добрата страна за градежништвото во изминатиов период е градежната експанзија во однос на станбената изградба. Интересно, колку и да се градат нови станови во Скопје, за нив има интерес. Од градежната фела велат дека се распродавале и цели згради уште во текот на градбата. Економистите ова го поврзуваат и со страв од чување пари во несигурни времиња, како и од страв да не девалвира денарот, што е предизвикан од постојано шпекулирање на таа тема. Притисокот на страната на понудата дозволи раст на цените, па Народната банка го евинтираше скокот од дури 12,4 проценти за само една година (прв кавартал од 2022 година споредено со прв квартал од 2021 година).

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги анализираше приходите и добивките на најголемите градежни компании во Македонија. Заклучокот е дека има промени во 2021 година во однос на најприходните и најпрофитабилните градежни фирми во 2020 година, но дека прометот, односно приходите на врвните 10 позиции е сличен како и лани, а истото се однесува и за добивките.

Реклама

Првите 10 компании кои се на листата со најголеми приходи, заедно оствариле промет од 144,6 милиони евра. Во 2020 година пак, тие што беа на тогашната листа ТОП 10 компании по приход остварија вкупни приходи од 149 милиони евра. Интересен е и фактот што годинава, листата на најприходните компании е поинаква од ланската. Сега во првите 10 влегле „Саник инженеринг“- Скопје, „Крмзов –мр“- Струмица, „Џвахир групација“ – Турција, подружница РСМ и „Специјал“-Скопје, а излегле: „Афердита И“- Кичево, „Серка Тааххут Иншаат Ааноним Ширкети“ – Р.Турција – подружница во Гевгелија, „Офис ком“- Скопје и „Сим инженеринг“ – Струмица.

ТОП 10 ГРАДЕЖНИ ФИРМИ ПО ПРИХОД ЗА 2021 ГОДИНА

(во милиони евра)

КОМПАНИЈА ПРИХОДИ 2021 РАСТ 2021/2020
Жикол – Струмица 22,6 +  9,14%
ЗСФК- КОМ – Скопје 18,9 + 56,4%
Крмзов- мр – Струмица 15,7 +19,4%
АК Инвест- Тетово 15,1 -54,6%
Саник инженеринг- Скопје 13,7 + 66,7%
Стентон градба – Битола 11,6 + 66,12%
Карпош- Скопје 10,7 -26,89%
Џевахир – подруж. РСМ 10,2 +113,0%
Специјал градба – Скопје 10,1 + 119,72%

 

Како што може да се забележи сите овие компании, освен две – „АК Инвест“ од Тетово и „Карпош“од Скопје ги зголемиле своите приходи во текот на минатата година во однос на 2020 година. Инаку во 2020 година, токму АК Инвест беше градежната компанија со најголем приход во државава, а сега тоа место му припадна на „Жикол“ кој лани беше втор на листата. Но, најголемиот приход не обезбедил и најголема добивка за „Жикол“, па тој е дури на последното 10-то место меѓу ТОП 10 фирми со најголема добивка.

Податоците покажуваат и дека 10-те најголемите компании по приходи не се истовремено и најголеми според добивката. Во групата 10 најголеми градежни компании по добивка не влегуваат: „Крмзов мр“. „Карпош“, „Џевахир“ и „Специјал градба“. Но, затоа, иако не се најголеми по приход, голема добивка, достојна за влез во првите 10 компании имаат. „Импексел 2“, „Адора“, „Биси“ и „Настел“. Првите 10 компании по добивка оствариле вкупна добивка од 20,3 милиони евра.

ТОП 10 ГРАДЕЖНИ ФИРМИ ПО ДОБИВКА ВО 2021 ГОДИНА

(во милиони евра)

КОМПАНИЈА ДОБИВКА 2021 РАСТ НА ДОБИВКАТА
ЗСФК- КОМ – Скопје 5,4 + 42,8 %
Адора – Скопје 2,6 – 3,33%
Саник – Скопје 2,4 +66%
Импексел 2 – Гостивар 1,7 +958,7%
Биси – Скопје 1,5 + 19,36%
АК Инвест  -Тетово 1,5 + 60,88%
Стентон градба – Битола 1,4 +24,13%
Настел-Скопје 1,3 +2,41%
Рапид билд – Куманово 1,3 + 136,6%
Жикол – Струмица 1,2 -56,09%

 

Превземено од Пари

Реклама