Папата виден во продавница како сам купува цедиња, дошол со мал фиат 500, газдите велат дека им бил редовен муштерија

Папата Франциско е виден во вторникот вечерта во продавница во центарот на Рим. За тој „излет“ на поглаварот на Католичката црква веројатно немаше да се знае доколку шпанскиот новинар Хавиер Брокал , уредник на телевизијата Рома Рипортс , не се најдеше во близина, на местото на случувањето.

Тоа беше продавница за музички цедиња и дискови на Stereosound на улицата Минерва во Рим, спроти Пантеон. Брокал видел два бели автомобили, ги препознал ватиканските жандарми во цивилна облека, а потоа го снимил папата, во неговиот вообичаен бел свештеничка одора, како влегува во мал фиат 500.

Брокал влегол во продавницата и дознал дека папата купил едно ЦД со класична музика. Познато е дека е љубител на операта. Според сопствениците, папата ја благословил нивната работа, а тие му дале уште едно ЦД.

Велат дека е редовен муштерија, дека доаѓал уште како надбискуп Бергољо , а потоа и како кардинал. Не се кажува дали редовно доаѓал од кога е папа.

Папата Франциско неколку пати излезе од Ватикан за, како и секој друг купувач, да направи некои набавки или поправки. Него го видел оптичар недалеку од Ватикан кога му се олабавиле очилата. Оттогаш му ги сервисираат во истата продавница, но тој не оди сам, туку ги испраќа кај други да ги поправат кога ќе му треба. Тој, исто така, е виден лично како пробува чевли, бидејќи му требаат со нешто поцврсти ѓонови, бидејќи малку накривува.