Папата Франциско: „Кирил 20 минути преку „Зум“ ми читаше оправдување за војната, а Путин не сака да ме види!“

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, папата Франциско рече дека моментално не планира да го посети Киев, но истакна и дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин двајцата да се сретнат.

На првиот ден од војната му се јавив на украинскиот претседател Зеленски. Не му се јавив на Путин. Сакав да направам јасен гест што ќе го види целиот свет. Но, 20 дена по почетокот на војната, го замолив кардиналот Паролин да испрати порака до рускиот претседател и да му каже дека сум подготвен да одам во Москва. Се уште не сме добиле одговор.

Google search engine

Се плашам дека Путин не може и не сака да ја одржи оваа средба во моментов. Но, толку многу бруталност, па како да не го спречиме тоа? Пред 25 години го доживеавме истото со Руанда …

Сè уште не одам во Киев. Таму ги испратив кардиналите Мајкл Черни и Конрад Крајевски. Но, се чувствувам како да не морам да одам. Прво треба да одам во Москва, прво треба да се сретнам со Путин… Но, јас сум и свештеник, што да правам? Правам се што можам. Кога Путин барем малку би ја отворил вратата… – рече папата Фрањо.

Во продолжението на разговорот тој го критикуваше и патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, кој ја поддржува војната во Украина.

Зборував со него 40 минути преку Зум. Во првите дваесет минути ми ги читаше сите оправдувања за војната од картичката што ја држеше во рака. Го слушав и му реков: „Не разбирам ништо од ова. Брате, ние не сме државно свештенство, не можеме да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус – раскажа Папата.