Папагали “ја нападнаа” Меркел (Фото)

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, го посетила паркот за птици во Марлов, во својот веќе поранешен изборен округ Грајфсвалд, а болниот израз на нејзиното лице го обиколил целиот свет.

Таа за камерите позирала хранејќи папагали, од кои еден австралиски лори слетал на нејзината глава.

Меѓутоа, додека се фотографирала, еден од папагалите ја каснал по рака, па фотографите забележале момент во кој таа викнала со болен поглед.

Иако Меркел “не му се налутила” на папагалот кој ја каснал, таа после тој “напад” не сакала многу да се доближува до големите птици. И било понудено да погали був, што таа одбила.

“Не би сакала, мислам дека бев доволно добра кај помалите птици”, порачала таа.

Инаку таа им порачала на своите некогашни гласачи дека секогаш и било чест да го застапува овој изборен округ.

Во Германија, во недела, со одржувањето на парламентарните избори, ќе заврши ерата на канцеларката Меркел, која од ноември 2005-та година е на функцијата канцелар.