Паника во Софија: Русите вградиле таен чип во авионот Миг-29 кој падна во Црното море!?

Лидерот на бугарската вонпарламентарна партија Атака, Волен Сидеров смета дека авионот МиГ-29 што се урна вчера за време на вежбите во Црното Море, можел да биде соборен, пренесува бугарската телевизијата Алфа.

Тој потсети, дека, неодамна, за време на воените вежби, се случил и инцидент со учество на американски војници кои случајно упаднале во фабриката за сончогледово масло во селото Чешнегирово.

Google search engine

Според Сидеров сите воени вежби на НАТО на територијата на Бугарија треба веднаш да бидат запрени, а американските бази да се затворат (заедничката база на НАТО во Бугарија).

Сидеров вчера изјави дека е можно авионот да бил соборен од војници на НАТО.

Дали се сигурни информациите од воените кругови дека соборениот авион бил користен како мета на силите на НАТО, напиша вчера Сидеров.

Засега нема официјална верзија за причините за падот на авионот. Според бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов, авионот и оружјето биле исправни.

Бугарскиот МиГ-29 се урна на 9 јуни за време на летот над Црното Море за време на вежбата Шабла 2021.

Атлантскиот совет на Бугарија ги повика властите и истражните органи на земјата да ја разгледаат можноста за „руска трага“ во инцидентот со бугарскиот ловец МиГ-29 кој се урна во Црното Море, а повикот следеше по пишувањето на бугарскиот портал Фактор за чипови кои Русите наводно ги инсталирале во старите советски авиони.

Дали има руска трага во инцидентот? Верзиите се различни, во оваа фаза потребно е да се разгледа сè што е можно. Затоа, ги повикуваме сојузниците и партнерите да се вклучат во истрагата, се наведува во соопштението на Атлантскиот совет на Фејсбук .

ПретходнаИмаше корона: Се жалеше на несоница и губење меморија. Нови детали за трагичната смрт на петгодишното дете
СледнаГруби и Мерко за рушењето на платформите: Во Струга нема дивоградби, се солидаризираме со колегите од Охрид