Паника во Киев, луѓето исплашени бараат засолништа или го напуштаат градот… (Фото/Видео)

Потресни и емотивни сцени пристигнуваат од Киев, каде по првите детонации забележани се колони возила на бензинските пумпи и на улиците. Исплашените луѓе бегаат во засолништа.

Автомобилите се движат на запад во Киев, далеку од експлозиите на исток. Воочливо е и дека на бензинските пумпи има големи редици, а хаос и на банкоматите.

Google search engine

„BBC“ јавува дека многу граѓани на Киев нашле засолниште во метро-станиците, додека други побрзале да се качат во автобуси за да го напуштат градот.

Како што знаеме, руската армија започна напад врз Украина, по ненадејната најава на Владимир Путин, кој во директен ТВ-пренос објави дека Русија тргнува во воена операција.

Претседателот на Русија најави почеток на воени операции за време на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Светските медиуми јавуваат дека експлозиите се слушаат низ цела Украина, дури и во Киев и Харков, најголемите градови во земјата.

Излез од градот е можно само по копнен пат, бидејќи воздушниот простор е затворен за цивилни летови од рано изутрина.

ПретходнаНаучниците открија што се случува во човечкиот мозок во текот на умирањето: “Во 30 секунди би можеле од почеток да ги проживеете најдобрите моменти од својот живот”
СледнаРуската војска ја нападна Украина од Белорусија, „CNN“ објави видео од влегувањето на тенковите