Планетата Земја имала најтивок период во текот на 2020-та година во однос на претходните децении, бидејќи пандемијата на Ковид-19 значително ја намали човечката активност и нејзиното влијание врз обвивката на планетата, според научниците кои работат на глобално истражување.
Меѓународна група на сеизмолози од 33 земји измерила пад до 50 отсто во т.н. амбиентална бучава генерирана од луѓето кои патувале и фабриките кои не работеле по стапувањето на сила на блокадите низ целиот свет, објави „Ројтерс“.
Earth had its quietest period in decades during 2020 as the COVID-19 pandemic significantly reduced human activity and its impact on the planet's crust, according to scientists working on a global study. https://t.co/LdwiQnxySp
— Reuters Science News (@ReutersScience) February 18, 2021
Тимот во кој биле експерти од Швајцарската сеизмолошка служба на универзитетот „ETH“ во Цирих, измерил пониско ниво на бучава во 185 од 268 анализирани сеизмолошки станици ширум светот.
Градската амбиентална бучава паднала до 50 проценти при мерење на станиците во најжешките недели на ‘заклучувањата’, кога биле намалени автобуските услуги и возовите биле редуцирани, а фабриките не работеле.

Поради тоа ова бил многу потивок период и од оној за време на Божиќ, кој, инаку, традиционално е најтивок период од годината.