Стотици птици паднале од небото во Мексико, а причина за мистериозниот настан во градот Кваутемок во покраината Чивава се истражува. Голем број на птици угинале, а нивниот пад го забележале безбедносните камери.
Снимката настанала во раното утро на 7-ми февруари, а граѓаните повикале полиција која пронашла стотина мртви птици на улиците, пренесуваат мексиканските медиуми.
Како што навеле очевидците, птиците паднале во околу пет часот наутро.
Утврдено е дека станува збор птици од видот жолтоглави врани, кои живеат на северот на Канада, а во Мексико ја минувале зимата како преселници.
Полицијата повикала ветеринари и зоолози, кои изнеле неколку можни теории за тоа што се случило, но ниедна се уште не е потврдена.
Според мислењето на експертите, птиците можеби угинале поради вдишување на отровни гасови топланата во близина, или од голем струен удар доколку стоеле на жица од електричен вод.
Некои странски медиуми изнеле теорија дека станува збор за грешка во мурмурацијата, односно формирање на големо јато. Таквата грешка најчесто се случува кога птиците кои се во големо јато се обидуваат да побегнат од предаторот, па се губи нивната меѓусебна координација и доаѓа до колапс поради меѓусебно судирање.