Откако талибанците со молскавична брзина ја презеле контролата над Авганистан, додека американските сили се повлекуваат од земјата, многумина се прашуваат како тоа им успеало.
Сега на интернет повторно се споделуваат стари видеа од тоа како Американците наводно ги обучувале авганистанските трупи.
На снимките наводно се гледаат авганистански војници кои се мачат додека се обидуваат да направат едноставна кардио вежба која им ја покажува инструктор од американската војска.
The fall of Afghanistan explained in 41 seconds pic.twitter.com/wMJeP2vIIu
— Ali A. Rizvi (@aliamjadrizvi) August 15, 2021
Некои од нив никако не успеваат да сфатат што треба да направат и дека во скок треба да ги рашират нозете и рацете, а да ги соберат при доскок.
Снимката повторно стана популарна на социјалната мрежа Твитер каде било коментирано „падот на Авганистан објаснет за 41 секунда“.
Засега не е можно да се потврди автентичноста на оваа снимка, но истата е направена во 2017 година и објавена на „Military.com“, како и на многу други медиуми.
Некои пишуваат дека станува збор за авганистански војници, а други дека снимката настанала во Ирак.
Постојат повеќе снимки со слична содржина на интернет, главно се стари 10-на години, а на нив исто така се гледа неуспешно изведување на обични вежби кои кај нас на шега можат да се изведат.
Да ве потсетиме, талибанците за само неколку месеци презедоа контрола над цел Авганистан, по што американската војска ја заврши својата мисија во таа земја.
Американската војска таму беше 20 години и ги обучуваше своите авганистански колеги како би се бореле против талибанците.