Данската агенција за енергетика и издала дозвола на компанијата “Северен Тек 2 АГ” за изградба на дел од гасоводот “Северен тек 2” низ нејзините територијални води, југоисточно од островот Борхолм во Балтичкото море.
Со ова е отстранета и последната голема препрека за проектот на рускиот гасовод, кој ја поделил Европската унија поради противењето на САД и неколку источноевропски земји кои тврдат дека тој гасовод ќе ја зголеми зависноста на Европа од руски гас.
“На основа на консултациите и непосредниот дијалог со релевантните дански власти, Данската агенција за енергетика проценила дека, од аспект на животната средина и прашањето за безбедноста, најповолна е рутата на југоистокот за која е дадена дозвола”, се наведува во соопштението на Данската агенција за енергетика.
Данска сега има обврска да дозволи изградба на транзитни водови и ако е потребно, да одреди траса низ која цевката би требало да минува.
На почетокот на овој месец “Gazprom” соопштил дека 83 проценти од гасоводот “Северен тек 2” чија должина е 1.269 километри во Балтичкото море се завршени, додавајќи дека очекува гасоводот да биде завршен до крајот на оваа година.
This means Nord Stream 2 should be built on time by the end of the year. More supply, anyone? #ONGT #NS2 #Russia https://t.co/5vO3NB95Cj
— Patrick Sykes (@pat_syk) October 30, 2019
Проектот “Северен тек 2” предвидува изградба на две линии на гасовод низ кои ќе се испорачуваат околу 55 милијарди кубни метри руски гас директно во Германија и другите европски земји. Гасоводот за транспорт на рускиот природен гас во Европа, според проектот, треба да минува низ територијата на Данска, Финска, Германија, Русија и Шведска.
