“Падна” Американ Експрес! Американците не можат да ги користат своите кредитни картички

Илјадници корисници во Соединетите Држави пријавиле дека системот за картички American Express не работи, покажуваат податоците на веб-страницата Downdetector. Според картата на пријавени проблеми на страницата, најголем број поплаки за услугата има на североистокот на земјата, особено во Њујорк, Лос Анџелес, други делови на Калифорнија, Атланта и Џорџија.

Google search engine

Повеќето Американци кои имаат проблеми со American Express тврдат дека не можат да ги користат своите кредитни картички, што е околу 76 отсто од вкупниот број поплаки, пренесува Sputnik International. Вториот најчест проблем е поддршката за корисници, која не работи за околу 18 отсто од корисниците.

Интересно е што проблеми во моментов пријавуваат клиенти на други големи платежни системи, како што се Visa и MasterCard, меѓутоа, бројот на пријавени проблеми е прилично мал во споредба со исчезнувањето на American Express, а проблемите се наводно од привремен карактер. Проблемите во системот беа забележани во текот на денот, но тие не беа толку распространети како што се сега.