Пациент на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука синоќа изврши самоубиство скокајќи од таа зграда.
Полициските службеници на полициската управа во Бања Лука вчера спроведоа истрага на лице место каде е констатирано дека смртно страдало лицето со иницијали Љ.Б. од Бања Лука, соопштија од Полициската Управа од Бања Лука.
Дежурниот лекар во УКЦ на Република Српска вчера во 19.30 часот пријавил во надлежната полициска станица дека пациентот Љ.Б. скокнал од прозорецот од шестиот кат од зградата на УКЦ, и починал на самото место.
За се беше информиран дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука.
Потсетуваме, пред само седум дена се самоуби и пациентката В.К од Прњавор. Таа скокнала од третиот кат од зградата на УКЦ и починала на самото место.