Овој пасош е највреден, со него може да се патува во 192 држави

Лондонската фирма Henley & Partners, која се бави со советување за државјанство и резиденцијален статус, објави ревидирана листа на најмоќните пасоши во светот, според која јапонскиот пасош е прв на листата, бидејќи може да се користи за патување до 192 земји без виза.

Таканаречениот индекс Хенли се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), која редовно ги следи најдобрите пасоши во светот од 2006 година, објави Си-Ен-Ен.

Рангирањето на јачината на пасошите се мери врз основа на тоа колку земји во светот може да се патува без виза со одреден пасош.

Со оглед на тоа што при креирањето на новата листа не беа земени предвид привремените ограничувања, носителите на најмоќните пасоши – Јапонија и Сингапур – можат да патуваат во 192 земји без визи.

Носителите на германски и јужнокорејски пасоши можат дури да патуваат без виза во 190 земји.

Словенечкиот пасош е на 11-то место, хрватскиот на 18-то место, српскиот пасош е на 39 -то место на листата, имајќи предвид дека граѓаните на Србија можат да патуваат без визи во 135 земји, македонскиот пасош е на 47-мо место, црногорскиот на 48 -то, а босанскиот на 54-то место на листата.