Додека многу родители се борат да ги одвикнат своите деца од пелени, еден австралиски пар ја сподели својата необична приказна, откривајќи дека ја „одвикнале“ својата ќерка од пелени кога имала само две недели.
Монтана Лоуер и Том Линвуд се интересна брачна двојка која успеала во она што многумина го сметаат за невозможно.
Имено, тие постигнале нивната ќерка Блу, која наскоро ќе наполни две години, да не врши нужда во пелена кога имала само петнаесет дена. Девојчето денес го користи тоалетот исто како и нејзините родители, пренесува The Sun.
Парот изјавил дека користеле т.н комуникација за елиминација (ЕК), објаснувајќи сè детално на нивниот канал на YouTube „On the Way by Montana Lower“.
„Тоа вклучува да го слушате вашето бебе кога сака да оди во тоалет и да го однесете таму наместо да го правите тоа во пелена“, објаснува Монтана во своето видео.
Нејзиниот сопруг се согласил и додал: „Секоја мајка знае кога нејзиното бебе е гладно. Покажуваат одредени знаци, а истото важи и за кога треба да одат во тоалет. Сè е до слушање и гледање“, рекол Том.
Иако родителите на почетокот биле скептични, решиле да ја испробаат техниката ЕК, а Том забележал дека, иако сè уште користат пелени повремено, нивниот број драстично се намалил. Успеале да заштедат и пари.
„Бебињата се раѓаат без претходно стекнато знаење за тоа како да одат во тоалет, па ако не ги научиме како да користат пелени, тогаш не мора ни да ги одучиме. Затоа, има смисла да се каже дека стигнавме до тоалет вака“, додал тој.
View this post on Instagram
Тие ги советуваа и другите родители како успешно да ја применат оваа техника, посочувајќи дека најдобро е да се проба во текот на летото.
Монтана предлага да се обидете да го облечете вашето бебе во фустан или нешто што може „лесно да се соблече“. Таа истакнува и дека наместо нокшир, може да се користи и обичен пластичен сад кој секогаш ќе биде при рака за да може бебето да оди во тоалет.
„Препорачуваме да одвоите еден ден. На Блу му требаше еден ден за да сфати дека треба да оди во тоалет. После тоа на нас беше да ги прочитаме знаците“, објаснува Монтана.
Парот исто така вели дека ЕК најдобро функционира кога едниот родител е постојано со бебето и дека тоа е исто така идеален начин за дополнително поврзување.